Свет

Улиците на Мариупол по повеќе од 85 дена! (Снимка во живо)

Откако се предадоа стотиците украински војници кои со денови се криеја во подземните ходници на Азовстал, Русите објавија дека Мариупол е завземен.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во последните 24 часа се предале 771 украински борец од челичарницата Азовстал, односно заклучно со понеделникот вкупно 1.730. Според Министерството, 80 се ранети, пренесува РИА Новости.

Стотици украински борци се предадоа од фабриката за челик, иако Москва и Киев дадоа различни проценки за бројот на оние што излегле од фабриката за челик, според Ројтерс. Од почетокот на воената операција на Руската Федерација во Украина, врската со Мариупол е прекината.

На социјалните мрежи можеа да се видат спорадични снимки од воздух. кои прикажуваа ужасни сцени од уништени куќи и згради.Евакуацијата од челичарницата Азовстал беше во неколку наврати во обид, се до пред неколку дена кога беше организирана во најбројно издание, кога се предадоа неколку стотици украински војници, со еден услов – да не бидат снимани.

 

Related posts

Leave a Comment