Берлин – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека вокабуларот што го користел францускиот претседател Емануел Макрон е суров и рече дека не го дели неговото гледиште.
Меркел ја коментираше изјавата на Емануел Макрон дека НАТО претрпе „мозоочна смрт“.
„НАТО останува камен-темелник на нашата безбедност“, рече Меркел на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Берлин.
Столтенберг, исто така го отфрли описот на Макрон за НАТО, пренесува Ројтерс.
Макрон претходно во интервју за британски „Економист“ рече дека НАТО е клинички мртов и дека Европа е на работ на бездна.
Тој ги предупреди членките на европската унија дека веќе не можат да се потпрат на САД, односно дека од Америка не може повеќе да се очекува дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО.
„Она низ што во моментов минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа е на работ на бездна“, рече Макрон.„НАТО останува камен-темелник на нашата безбедност“, рече Меркел на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Берлин.