Свет

Ураганот „Доријан“ однесе 20 животи на Бахамите

 

Најмалку 20 лица загинаа од ураганот Доријан на Бахамите, а властите стравуваат дека тој број ќе порасне.

 

Најновите податоци за жртвите ги објави министерот за здравство Двејн Сандс, кој за агенцијата АП изјави дека 17 луѓе се убиени на островите Абако и 3 на Големите Бахами.

„Доријан“ ги пустошеше Бахамите во текот на викендот со рекордни налети на ветер од скоро 300 километри на час.

Второто најсилно  невреме во историјата на Атлантикот,ги разурна Бахамите. Некои делови од островот се срамнети со земја.

На снимките и фотографиите е прикажано целосното уништување во Големиот Абако и  Големите Бахами, кои ги погоди невремето, а  Бахама Прес објави дека има многу мртви кои настрадаа во поплавите што уследија откако „Доријан“ ги опустоши островите.

 

 

Ураганот се  движи по источното крајбрежје на САД . Тој ја помина Флорида и се упатува кон Северна Каролина. Откажани се сите летови од меѓународниот аеродром во Џексонвил.

Американски официјални лица предупредуваат дека Доријан е многу опасен ураган и апелираат околу еден милион луѓе кои живеат на потегот од Флорида до Северна Каролина да се евакуираат.

Related posts

Leave a Comment