Европа

Урсула фон дер Лајен ги упати Европејците да ги испратат сметките за енергија во Русија

Fon der Lajen: Në Europë këtë dimër nuk do të ngrijë askush - Agjencia  Zhurnal.mk.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи испраќање на зголемените сметки за гас и електрична енергија во Русија. Така таа одговори на критиките на француската европратеничка Манон Обри за време на дебатата на пленарната седница.

Фон дер Лајен призна дека сметките за енергија во Европа се навистина „неподносливи“, но рече дека тие наводно треба да бидат испратени во Русија.

Европратеничката Обри пред тоа и покажа на шефицата на Европската комисија зголемени сметки за гас и струја и истакна дека не сите европски граѓани се сигурни дека ќе можат да платат за греење во зима и да ги прехранат своите семејства.

За потсетување, Европската унија доброволно им предложи на земјите-членки да ја намалат употребата на природен гас за 15% поради загриженоста за прекин на испораките на ова гориво од Русија.

Во европските земји сега се разгоре вистинска енергетска криза поради нивните сопствени санкции против Русија. На жителите на ОК, на пример, поради кризата , може да им биде забрането да готват до осум часот навечер.

Related posts

Leave a Comment