Театар

Учество на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“ во Ниш, Р. Србија

Со задоволство го најавуваме гостувањето на НУ Драмски театар Скопје (ДТС) на Интернационалниот театарски фестивал Театар на раскршчу (Театар на крстопат) во организација на Народниот театар од Ниш, Р. Србија.

Со задоволство го најавуваме гостувањето на НУ Драмски театар Скопје (ДТС) на Интернационалниот театарски фестивал Театар на раскршчу (Театар на крстопат) во организација на Народниот театар од Ниш, Р. Србија. Фестивалот  беше отворен на 11.3, на денот на основањето на Народниот театар во Ниш, и трае до 19.3. со програма од девет театарски претстави во натпреварувачкиот дел од фестивалот. Драмски театар Скопје, пред тамошната публика ќе ја изведе претставата Фестен од Дејвид Елдриџ, во режија на Зоја Бузалковска на 17.3 (недела) со почеток во 20:00 часот.

Фестивалот има за цел да ја обедини театарската уметност од Балканскиот полуостров на едно место, притоа презентирајќи ги сличностите и разликите на театарските дејци на овие простори и цели кон јакнење на меѓународната културна размена, промовирање на театарските творци,  размена на театарски техники и идеи.

ДТС е почестен со поканата да учествува во создавањето на интернационалениот театарски фестивал, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во водечки фестивал во регионот и ќе биде место каде се разменуваат современи театарски достигнувања и културни вредности.

Leave a Comment