Регион

Уште еден камп за мигранти во Грција ставен во карантин

Greece Quarantines 2nd Migrant Camp after Coronavirus Case ...

АТИНА – Грција карантинира уште еден камп за мигранти, откако е потврдено дека 53-годишен маж е позитивен на вирусот корона, изјави грчкиот министер за миграција.

Инфицираниот Авганистанец живее со своето семејство во Кампот Малакаса, дом на стотици други мигранти и баратели на азил.

Тој бил пренесен во атинската болница, пренесе Ројтерс. Неговите контакти ќе бидат испитани бидејќи епидемиолозите бараат да се утврди како Авганистанцетот се заразил.

Кампот на Ритсона во централна Грција беше ставен во карантин во четвртокот, откако 20-те баратели на азил беа позитивни на вирусот корона.

Тоа е првиот камп во Грција во кој се откри присуство на новиот вирус.

Кампот Малакаси, кој се наоѓа на 40 километри северо-источно од Атина, ќе биде ставен во карантин две недели.

Related posts

Leave a Comment