Македонија

Уште едно кршење на човековите права: Поради немање потврда за вакцинација, прваче одбиено да се запише на училиште

Wearable sensor can detect anxiety and depression in young children

Училиштето „Св. Климент Охридски“ од Скопје, одбило да запише дете во прво одделение поради отсуство на потврда дека ги примило сите задолжителни вакцини.

Ваквата одлука доаѓа откако родител до КСЗД поднел претставка за дискриминација против општинско основно училиште „Св. Климент Охридски“ од Скопје, откако училиштето одбило да го запише нејзиното дете поради отсуство на потврда дека детето ги примило сите задолжителни вакцини, односно, подносителот на претставката не го вакцинирала своето дете со МРП вакцина.

„Од училиштето одговорија дека Комисијата за запишување на ученици во прво одделение основана при училиштето, во уписниот период за предметниот настан, одбиле да извршат упис на ученикот врз основа на фактот дека недостасувала потврда за примените задолжителни вакцини. За одлуката веднаш бил известен родителот, по што родителот го известил школото дека е против вакцинација и дека не би го вакцинирала нејзиното дете. Во оваа насока, се нотира дека согласно член 46 став 2 од Законот за основно образование, дете не може да биде запишано без потврда за примени задолжителни вакцини. Увид во работата извршил и Државниот просветен инспекторат и констатирал дека училиштето не постапило спротивно на законските норми“, додаваат од КСЗД.

Мајката на детето се повикала на „медиумски статии во кои од Министерството за образование порачуваат дека ‘ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем’ и дека во Уставот е наведено дека основното образование е задолжително. Дополнително, подносителката како аргумент го цитира Годишниот извештај на Народниот правобранител од 2018 година во кој за друг сличен случај се тврди дека е ‘крајно дискриминаторско и спротивно на закон постапувањето на училиштето поради што го одбил уписот во прво одделение поради фактот што детето не било вакцинирано од сите задолжителни вакцини’“

Дополнително, родителот ја истакнал и пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбург во случајот Салвети против Италија, во кој се тврди дека недоброволното вакцинирање е спротивно на членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.

Related posts

Leave a Comment