ФАРАОНОТ АЛЕКСАНДАР – Гробницата KV 62 или Кражбата на телото од Македонскиот
Желба на Македонскиот била : Неговото тело да биде упокоено во Египет . Подготовките за таквото патешествие потрошиле уште две години пред да се упатат кон Долината на Царевите . Кога долгата траорна поворка допатувала од Вавилон во Египет , телото било по втор пат балзамирано и депонирано во мавзолеj наречен Шема или Чема ( Тело ).
Гробницата на Александар била место на поклоништво . Меѓу илjадниците поклоници биле и римските императори : Цезар , Август Октавиjан , Каракала . После освоjувањето на Александриjа , Октавиjан , при обидот да го бакне Македонскиот , го оштетил носот на воjсководецот . После неговата посета носот од балсамираното тело бил оштетен . Октавиjан го посипал телото со цвеќе и му оставил венец на предната страна од вратот . Исто така , Р.И. Каракала ја ставил својата црвена наметка над Александар , а згора го оставил златниот прстен .
Во третиот век од Христа , Р.И. Септимиj Север , плашеjќи се за безбедноста на телото од боготворениот Цар , наредил да се заѕида влезот на светата гробница …
И од тоа време , гробницата и телото на Македонскиот Александар , исчезнуваат од историската сцена , безброj дефокусирачки теории и хипотези освоjуваат своја публика за да го сокриjат очевидното. Официjално , Службата за древности на Египет , признава 140 обиди за пронаоѓање на вечното почивалиште . Но , гробницата и телото на Македонецот Александар е пред очите на светската jавност веќе стотина години , и се покои на место кое Александар не го определил во своето завештание .
Што знаеме за пост мортум збиднувањата на Александар ?
Македонскиот цар бил балзамиран два пати . Првиот пат седум дневно во Вавилон , втор пат после пристигнувањето во Египет по наредба од Птоломеj .
Телото било потопено во мед , поместено во златен саркофаг по углед на египетските фараони ( направени биле три различни саркофаги ) .
Што знаеме за физичката конституциjа и повредите на Царот добиени во многуброjните битки ?
Пишуваните историски извори говорат за смрт што настапила како последица од малариjата . Во египетската царска хронологиjа запишан е фараон со иста причина на смрт . Неговото име е Отелотворениот Амон .
Македонскиот бил со среден раст , средно телосложение , со изразито рељефна мускулатура . Отелотворениот , поседувал идентични анатомски обележjа .
Александар бил безусловно европеец , а истражувањата од 2010 година потврдиле европоидни карактеристики на мумиjата од египетскиот фараон
Фараонот бил пронаjден неколку дена после смртта . Тоj факт довел до делумно разлагање на мртвото тело . Александровите посмртни остатоци биле процесуирани седум дена после настапување на смртта , што довело до модификациjа на процедурата за балзамирање . Според ,Александриите , телото на македонскиот цар било термички обработено со што запрела понатамошна дехидратациjа на кожата, балзамирано и испратено во Египет , каде што и пристигнало со многуброjна свита после две години . После термичката процедура на кожата таа поцрнала и jа изгубила природната боjа . ДНК анализата извршена над ткивото од фараонот потврдила европска припадност на Отелотворениот Амон . Иако , заради задоцнетото балзамирање и термичкиот третман , неговата кожа е исто така поцрната .
-Во Египет , Птоломеj наредил второ балзамирање на телото , исто така на Отелотворениот Амон пронаjдени се два слоjа од смола . Значи дека и тоj бил балзамиран во два наврати .
-Следно , експертите – египтолози констатирале многуброjни нарушувања на погребната традициjа поврзана за првите лица на египетската царска номенклатура . Според строгите правила , рацете на фараонот мируваат вкрстени на градите – во случаjот со О. А. тие се вкрстени на стомакот. Резот на телото пред мумификацијата се наоѓа на место што не се вкалапува во традициjата . Саркрфагот бил свртен со главата кон вратата на гробницата наместо со нозете , и други недоследности во вечното пребивалиште на фараонот .
-Вратот на Александар бил наклонрт на левата страна. Морал да го врти горниот дел од телото за да погледне лево или десно од себе . Денешната медицина оваа поjава ја нарекува Клипел-Феjл заболување и е прилично ретко . Станува збор за наследно заболување , наследено по таткова линија .
Во седумдесетите години од минатиот век , пронаjдена е гробницата на Филип .Британскиот експерт Ричард Боер заклучил дека и таткото на Александар jа имал ова ретка аномалиjа .
Со такви рани ,, ишарани ,, се и коските од египетската мумија на Отелотворениот Амон .Признаците на остеонекроза на коските потврдуваат дека раните се нанесени во време животот на фараонот.
Раната од метровата стрела , останата на градите од Александар довела до отстранување на дел од кожното и мускулно ткиво од тоj дел на торзото .
Од градите на фараонот недостигаат фрагменти од тие ткива на градите .
-Како причина за смрт на Александар Македонски ,наведена е заразата со маларија . Треската го мачела неколку денови , и за жал , Македонскиот починал . Неколку недели претходно , неговиот љубопитен дух го навел на посета и истражување на Ирачките мочуришта , каде што наjверојатно се случила заразата .
Министерството за древности на Египет во 2010 година официjално обзнани дека причина за смрт каj Отелотворениот Амон се : отворената рана на бедрената коска , сколиоза и малариjа .
-Општо прифатена возраст во време смртта на Александар е 33 години . Само каj Низами Гjанжеви среќаваме поинаква хронологиjа на настаните поврзани за животот на Царот . Александар се упатил во Источниот Поход со наполнати 15 години. Ноходот за него завршил после 12 години .
Фараонот се упокоил на 27 годишна возраст од причини наброени претходно . Детскиот трон пронаjден во гробницата КВ 62 потврдува за младата , речиси детска возраст на Отелотворениот Амон . Интересен е фактот : тронот нема класична египетска иконографиjа . Направен е во македонски манир , со сите негови стилски обележjа .
Продолжува …
Пишува: Зоран Курљан
2 comments
/// ……” MACEDONIA is ALIVE ” ….\\\ ! ************************************************************************************************ ###………/// * NORTH is DEAD * \\\ ! ************************************************************************************************ ‘### …..// …only ..**MACEDONIA** ;….only..**MACEDONIA** ; ….only…**MACEDONIA** \\ ! ************************************************************************************************* ####…../////…..”FOREVER *****MACEDONIA***** FOREVER”….\\\\\ ! *************************************************************************************************
..###……/// … ” MACEDONIA is ALIVE “….. \\\ ! **********************************\***************************************************************** ###….. /// …. *NORTH is DEAD*……\\\ ! ***************************************************************************************************** ### ….///..only…**MACEDONIA**.. ; …only… **MACEDONIA** .. ; ..only…***MACEDONIA*** \\\ ! ***************************************************************************************************** ###……./////…” FOREVER ***MACEDONIA*** FOREVER “….\\\ ! ************************************************************************************************************