Македонија

Фашизмот во Македонија кулминира: Полиција во домот на новинарот Миленко Неделковски

Миленко Неделковски не се чувствува виновен за коментарите на Фејсбук –  Лидер

Во текот на вчерашниот ден, во домот на новинарот Миленко Неделковски, упаднала полиција, во обид да го приведе, поради извршување на информативен разговор, на барање на делот на мвр задолжен за компјутерска форензика.

Неделковски, треба да се појави на информативен разговор  во мвр, денес во 11ч и 30м.

Обидите за замолкнување на новинарите кој се критички настроени кон власта, е само уште еден показател за рапидното растење на тоталитаризмот и едноумието во државата.

Евидентно е дека владата на Зоран Заев, го убива правото на слобода на говорот и со повикување на новинари на информативни разговори, почнува да наликува на нацистички режим во кој гестапо на идентичен начин се справуваше со неистомислениците на третиот рајх или на советскиот режим кој преку Берија, ги апсеше и ги праќаше во гулази сите оние кои не се согласуваа со црвената аристократија од Кремљ.

Овие случувања, а и најавените ковид-фашистички мерки од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, ни навестуваат убиство на демократијата и воведување на дистописка држава, во која секој оној кој ќе се дрзне да мисли со своја глава, да го изрази својот став или да се бори за слободата на избор, ќе биде прогласен за државен непријател.

 

Related posts

Leave a Comment