Рожер Федерер се соочи со сет топки во првиот сет за својот противник, но сепак успеа да најде излез и да го победи Дејвид Гофан.
Швајцарецот се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај по победата од 7: 6 (7), 6: 4 и сега го очекува победникот на дуелот помеѓу Александар Зверев и Андреј Рублев.
Гофан одигра добро во воведниот сет, успевајќи да го натера Федерер да игра повеќе и да греши, но кога беше најважнона белгиецот му се стегна раката.
Федерер на 5 : 4 и на сервис на ривалот имаше сет топка, но тој не ја искористи за потоа Гофан да успее да направи брејк во 11 гејм и да поведе со 6:5.
Белгиецот тогаш сервираше за воведниот сет, имаше дури три сет топки, но Федерер го издржа сето тоа и израмни на 6: 6 и стигна до тајбрејк.
Во тој дел од играта, Гофан повторно имаше можност да го освои сетот, на 6: 5 и 7: 6, но повторно ги пропушти тие можности, Федерер освои три поени во низа и стигна до водство во мечот.
Во вториот сет, Федерер го скрши отпорот на Белгиецот во седмиот гејм, што беше доволно тој да ја обезбеди победата.
(🎥@TennisTV ) pic.twitter.com/QPF0E8NmAf
— doublefault28 (@doublefault28) October 10, 2019