Фудбал

ФК Вардар : Честит 23. октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Image result for фк вардар

 

Фудбалскиот клуб Вардар на сите македонски граѓани, им го честита големиот државен празник 23. октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун, Основоположниците Христо Татарлев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, го основаат македонскиот револуционерен комитет. Организацијата се бори за ослободување на Македонија со свои сили, а формирањето на овој комитет значи почеток на револуционерно движење кое преку Илинден 1903 година, и Крушевската република, а потоа и преку НОБ ќе резултира со создавање на современа македонска држава. 

Затоа денеска ја празнуваме идејата на македонските револуционери кои се залагале за самостојна и независна Македонија во која денеска живееме. 

Нека е честит празникот. Да го славиме уште многу години!

Related posts

Leave a Comment