Економиите на европските држави ќе бидат целосно уништени по остриот пад на извозот на гас од Русија преку Северен тек. Ова го изјави колумнистот на Форбс, Сал Гилберти.
Според него, проблемите најмногу ќе ги почувствуваат жителите на студените региони. Многу брзо масовно ќе добијат сметки со зголемени суми за парно. Ги очекува многу тешка зима.
Гилберти додаде дека последиците ќе бидат многу сериозни, особено за Германија, која е најголемата економија во ЕУ.
Тој истакна дека САД се многу помалку зависни од руските набавки на енергија. Но, во исто време дури и во САД цената на природниот гас е зголемена за 95% во однос на минатата година.
„Потрошувачите на северната хемисфера ќе се соочат со скапа и, во случајот на Европа, можеби студена и опасна зимска сезона оваа година “, рече тој.
Американците, исто така, треба да бидат подготвени за многу повисоки сметки за парно, рече тој.