Свет

(ФОТО) Издаден налог за апсење на Моралес

ЕПА-ЕФЕ / Мартин Алипаз / архива

Ла Паз – Боливискиот обвинител во средата издаде налог за апсење на поранешниот претседател на таа земја, Ева Моралес, обвинувајќи го за повик за насилство и тероризам.

Фотографија од таа наредба е објавена на  профил на Твитер од министерот за внатрешни работи Артуро Мурило, објави новинската агенција Тас.

Официјални лица објаснија дека Моралес им наредил на своите приврзаници да ги блокираат градовите во обид да го соборат привремениот претседател на земјата Жанин Ањес, која ја презеде власта откако поднесе Ево Моралес поднесе оставка.Моралес, кој беше принуден да си поднесе оставка на 10 ноември по уличните протести и притисоците од војската и полицијата, замина за Мексико на 12-ти ноември. Поранешниот боливиски претседател пристигна во Аргентина минатата недела како барател на азил, а аргентинските власти соопштија дека ќе му биде  доделен статус на бегалец.

 

Related posts

Leave a Comment