Контроверзниот француски научник Лук Монтање, кој ја доби Нобеловата награда за истражување на ХИВ во 2008 година , рече дека е сигурен дека коронавирусот е создаден вештачки.
„Болеста„ ковид-19 “е создадена во лабораторија во Вухан, која се специјализирала во проучување на коронавируси уште од последната деценија. Научниците веројатно внеле ХИВ ДНК во него во потрага по вакцина против овој вирус, па настанала манипулација.Не знам како вирусот излегол од лабораторијата, можеби е виновен некаков волшебник “, рече Монтање во гостувањето на телевизијата CNEWS.
Неговите изјави подигнаа многу прашина, а тие тврдења беа демантирани од Институтот Пастер во Париз.
„Нема никаква смисла да се поврзе ковид-19 со ХИВ. Некои вируси имаат сличен генетски материјал, па може да се поврзуваат едни со други, но во овој случај, тоа нема апсолутно никаква научна основа“, рече Етиен Симон-Лориер од споменатиот институт .
Монтање е во судир со научната заедница повеќе од десет години. Откако ја доби Нобеловата награда, Монтање во 2009 година рече дека силниот имунитет е доволен во борба против ХИВ, кој го истражувал во поголемиот дел од својата кариера. Потоа, тој изнесе теорија дека водата има паметење, а пред три години се спротивстави на вакцинацијата.
1 comment
Ако овој биде доволно платен тој ќе ви изјави се што сакате да слушнете, дури и ќе ви рече кој и кога го направил вирусот!