Регион

ХАГ : Ратко Младиќ опериран без знаење на неговото семејство

EPA-EFE PETER DEJONG / POOL

Утрово во Хаг беше опериран – Ратко Младиќ, генералот на Армијата на Република Српска, а надлежните органи на кривичниот суд во Хаг, накнадно го известија неговото семејство.

„На изненадување на семејството, Ратко Младиќ беше опериран утрово. Тие не известија дека операцијата е завршена и дека тој се разбудил“, рече синот на Младиќ, Дарко за Танјуг.

Тој беше подложен на операција на дебелото црево, на која долго чекаше во притворното одделение во Шевенинген.

Во оваа единица се забранети сите посети на притворените.

Младиќ беше осуден на доживотен затвор во Хаг со првостепена пресуда за наводни воени злосторства во Босна и Херцеговина, и се наоѓа во притвор во очекување на завршувањето на жалбената постапка, која е одложена до понатамошно известување заради операцијата, што беше спроведена денес.

Related posts

Leave a Comment