Ајатолахот Али Хамнеи вели дека Иран им удрил „шлаканица“ на Американците, но еден ракетен напад не е доволен.
Обраќајќи се на иранската државна телевизија, врховниот водач на Иран изјави дека нападот на Иран врз американските бази во Ирак синоќа е „ едвај една шлаканица “ и истакна дека не е доволно да се казни Америка.
„ Ова не е доволна одмазда“, рече ајатолахот како одговор на иранскиот одговор на убиството на на командантот на елитната единица Кудс на иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, по што Техеран најави „ужасна одмазда“.
Хаменеи исто така рече „дојде време да ставиме крај на останувањето на САД во регионот на Блискиот исток“ и истакна дека Иран е „добро подготвен да се бори против најголемото зло во светот“.
Според некои експерти за регионот, Иран и САД го добиле тоа што го посакуваат. Доналд Трамп требаше да направи нешто „силно“, а тоа беше убивање на еден од највисоките воени офицери на Иран, а Техеран го најави одговорот и го спроведе така што треба да му угоди на иранскиот народ, но не да испровоцира „лавот“ значителено да одговори.
Точно така размислува данскиот професор и аналитичар Питер Виго Јакобсен , велејќи дека ракетниот напад на Иран врз американските сили е „ најмалиот напад што Иран би можел да го изврши,„Техеран, додаде тој, стори сé што може за да избегне американски жртви, како и реакција на американската војска.
“ Би бил изненаден ако Американците одберат повторно воено да одговорат “, рече тој.