Македонија

Хан : Ако сакате датум, спастрете ја корупцијата и организираниот криминал

 

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Хан, изразувајќи надеж дека тогаш Македонија би можело да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Хан изрази жалење за протпуштената можност во јуни, но како што рече, потребни се и реформи.

Корупцијата и оранизираниот криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата.

Освен со Заев, комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, денеска во Скопје ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ, рече по средбата премиерот Заев.

Посветената работа на еврокомесарот Хан на Запаниот Балкан даде големи резултати, ние сме земја блиска на ЕУ. Очекуваме пријателството да продолжи, тој останува нашиот линк во процесот на евроинтеграциите на Македонија, рече Заев.

„Во октомври очекуваме ЕУ да си го оджи зборот и Македонија да започне да ги отвора поглавјата за членство во ЕУ“, истакна премиерот.

Тој го рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, како придонес кон влеењето на правото во државата.

Главните забелешки на опозицијата се вградени во предлог законот

Одлучна и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал

Никој не  е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.

Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото.

Related posts

Leave a Comment