Свет

Хаос во Париз: Жолти елеци, горат автомобили, судири, солзавец и апсења(ВИДЕО, ФОТО)

Фото: ЕПА-ЕФЕ / Јоан Валат

Неколку лица беа уапсени, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а обидот за блокирање на главниот кружен тек околу градот беше спречен, во еден дел од градот демонстрантите запалија дрвени палети, јавува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека се уапсени 33 лица, објави Ројтерс. Собирањето на граѓани е забрането во близина на познатите туристички дестинации – како што е Ајфеловата кула, додека дваесет париски метро станици се затворени.Демонстрантите палеа контејнери за отпадоци по градските улици, фрлаа бетонски коцки и калдрма на полицајците и се забарикадираа. Две возила се превртени, додека еен мотоцикл и едно возило се зафатени од оган – на што полицијата одговорила со топови со вода и солзавец, пренесува „Гласот на Америка“.

Во јужниот дел на градот на италијанскиот плоштад, демонстрантите кои ги криеја лицата, упаднаа и ја оштетија експозитурата на ланецот  банки ХСБЦ. Исто така, неколку стотици демонстранти беа спречени во обид да се блокира кружниот тек на Париз во тој дел од градот.

Најава за нови протести

Според „Гласот на Америка“, таканаречените протести на  жолтите елеци, именувани по јакните на демонстрантите или елеците, започнаа во ноември 2018 година, по порастот  на цените на горивата и зголемувањето на трошоците на живот во Франција. Протестите прераснаа во пошироко движење против економските реформи што ги побара францускиот претседател Емануел Макрон.

Со текот на времето, протестите престанаа да бидат ефективни – учесниците се намалија од десетици илјади граѓани на неколку илјади. Во својата кулминација – до 300,000 луѓе ги окупираа градските улици.Сепак стигнуваат најави за нови протести и за нивно омасововување во периодот што следи.

 

 

Related posts

Leave a Comment