За време на саботната Парада на гордоста во Мајами, еден камион удри во двајца пешаци, усмрти еден и го повреди другиот, соопшти локалната полиција.
„Двајцата повредени беа пренесени во медицинскиот центар Бродвеј, каде едниот подлегна на повредите“, изјави полицискит детективка на Форт Лодердејл, Али Адамсон, на прес-конференција, изразувајќи увереност, заснована на медицински извештаи, дека другата жртва ќе преживее, објави Си-Ен-Ен.
Адамсон исто така потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите сметаат дека инцидентот бил намерно испровоциран.
Two people were hit by a truck at the start of the Stonewall Pride Parade. Please keep them and their loved ones in your prayers. pic.twitter.com/EF8InAl3Y3
— Christine Hunschofsky (@CHunschofsky) June 20, 2021
„Засега ги проценуваме сите опции“, рече детективката Адамсон и додаде дека сите можности се отворени.
Видеото од локалната телевизија VPLG, што го прикажа Си-Ен-Ен веднаш по инцидентот, покажува како едно машко лице е приведено, но Адамсон не сакаше да потврди дали станува збор за осомничениот во несреќата.