Приштина – Рамуш Харадинај, кој сè уште е косовски премиер, на својот Фејсбук профил објави дека вооружувањето на Србија е директна закана за Косово.
Тој на својот профил објави дека Србија продолжува да се вооружува со воена опрема од Русија и Кина – систем за воздушна одбрана, беспилотни летала и друга воена опрема, што ги опиша како „лудило“.
„Продолжувањето на вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина е директна закана за Косово, кревкиот мир во регионот и евроатлантската перспектива. Србија мора да го запре ова лудило пред да биде предоцна“, напиша Харадинај,а објави приштинскиот весник „Коха Диторе“, . на нивниот сајт.