Регион

Харадинај нема да учествува на самитот во Прага

 

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, нема да учествува на самитот на премиерите на групата Вишеград и Западен Балкан во Прага овој четврток, заради обврските во неговиот кабинет на Косово.

Од друга страна, приштинските медиуми објавија дека причина за таквата одлука на премиерот на Косово е изјавата на чешкиот претседател Милош Земан дека ги сака Србите, и дека не го сака Косово, и дека ќе се обиде да го донесе прашањето за повлекување на признавањето на Косово во институциите на Чешката Република.

На денешната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Земан го повтори својот став за евентуално преиспитување на чешкиот став за Косово, велејќи дека ќе се постави прашањето дали Чешката Република ќе го повлече признавањето на Косово на скорешната консултација за чешкиот устав.Неговата изјава во Белград ја чул министерот за надворешни работи на Чешка, Томас Петричек, кој рече дека Прага нема да го промени ставот кон независноста на Косово.

„Чешката влада  не го смени ставот за Косово или за која било друга  земја од Западен Балкан. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме дијалогот помеѓу Србија и Косово и нивниот пат кон Европската унија“, напиша чешкиот министер за надворешни работи.

Пацоли: Изјавата на чешкиот министер ја потврдува силната поддршка за Косово

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, рече дека Чешката Република преку изјава на својот министер за надворешни работи „ја потврди силната поддршка за Косово како независна и суверена држава и поддршка за нејзиното членство во ЕУ, НАТО и меѓународните организации“.

“Нашето пријателство и партнерство е цврсто како карпа. Ги повикувам сите да не паднат во стапицата на Белград со ширење на вести што немаат никаква врска со реалноста. Нема повлекување на признавањето на Косово, туку само пат напред ,Косово да стане рамноправен дел од меѓународната заедница. Благодарен сум на мојот колега Петричек за неговата и поддршката на чешкиот народ и Чешката Република “, напиша Пацоли на Фејсбук.

Related posts

Leave a Comment