Свет

ХАФТАР ГО ЗАТВОРИ ВЕНТИЛОТ, НАФТНИТЕ ПРИСТАНИШТА ЗАТВОРЕНИ – Драма во Германија! Западот на колена, преколнувајќи го либискиот воен лидер!

Калифа Хафтар

Калифа нема да наседне како Гадафи.

Источна Либија, каде контролата ја има  генералот Калифа Хафтар, го прекина извозот на нафта, намалувајќи го либискиот извоз за повеќе од половина. Драматичниот потег доаѓа непосредно пред конференцијата во Германија, што ќе се одржи утре.

Либија

Имено, во Берлин, многу актери ќе се обидат да го убедат Хафтар да ја запре опсадата на Триполи, која трае веќе 9 месеци. Овој потег е директно поврзан со конференцијата во Германија и притисокот што таму ќе се изврши  над Хафтар.Портпаролот на Источната либиска власт (ЛНА) Ахмед Мисмари во интервју за новинарите изјави дека либискиот народ ги затвори нафтените пристаништа.

Тенкер

Сепак, многумина веруваат дека затворањето на нафтените пристаништа не би било можно без одлука на највисокото раководство на ЛНА. Да се потсетиме, повеќето од нафтените ресурси во Либија и пристаништата за извоз се наоѓаат на истокот на земјата.

Related posts

Leave a Comment