Свет

Хенри Кисинџер: САД на работ на војна со Русија и Кина по сопствена вина

Хенри, Кисинџер

ЊУЈОРК – Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99) смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“ кои делумно самите ги создале, пренесе РИА Новости.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без поим како ќе се завршат или каде ќе не одведат“, изјави Кисинџер за The Wall Street Journal.

Тој истакна дека се што може да се направи е „да не ескалираат тензиите“ и да се создаваат можности, но истовремено мора да постои цел.

Кисинџер истакна дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина е да биде „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса.

Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „вака или онака, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“.

Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.

Related posts

Leave a Comment