Хилари Клинтон го советуваше кандидатот за претседател на демократите, џо Бајден, да не го признава поразот во ноќта на изборите во ниту еден случај.
Клинтон смета дека објавувањето на конечните резултати може да се одложи заради гласањето по пошта.
Демократката Хилари Клинтон беше поразена на претседателските избори во 2016 година од Доналд Трамп, републиканец кој на националните анкети пред годинашните избори заостанува зад Бајден.
„Бајден не треба да се предава под никакви околности“
Клинтон го призна поразот во изборната ноќ 2016 година, но вели дека победникот на изборите годинава може да се знае нешто подоцна во ноември заради гласањето по пошта во пандемијата на коронавирус.
Таа рече дека резултатите во изборната ноќ би можеле да укажат на мала предност на Трамп.
„Во тој случај, Бајден не треба да се предава под никакви околности затоа што мислам дека тоа ќе се развлече“, рече Клинтон.
Поранешниот државен секретар на САД го изјави ова во интервју за емисијата Циркус на телевизиската мрежа Шоутајм, чиј што дел беше објавен во вторникот.
Портпаролот на кампањата на Бајден одби да ја коментира изјавата на Хилари Клинтон.
Се очекуваат двапати повеќе гласови по пошта отколку во 2016 година.
Се очекува половина од американските гласачи да гласаат по пошта оваа година, што е повеќе од двојно отколку во 2016 година, а немаат сите федерални држави и локалните власти ист капацитет да бројат гласови по пошта.
Исто така, некои држави, како Охајо и Северна Каролина, дозволуваат пребројување на гласачките ливчиња кои пристигнуваат неколку дена по затварањето на избирачките места.
„Верувам дека (Бајден) ќе победи ако не се откажеме и ако сме фокусирани и немилосрдни како другата страна“, рече Клинтон.
Трамп го критикуваше гласањето по пошта како измама, иако побара да му се испрати неговото гласачко ливче преку електронска пошта на годинешните избори.
Американскиот претседател, кој официјално ќе ја прифати номинацијата на партијата во четврток, исто така смета дека гласањето по пошта може да го забави пребројувањето на гласовите.