Амстердам – Холандија соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот да прифати неколку десетици деца и жени кои се придружија на т.н. Исламска држава во Сирија.
Хашкиот трибунал во понеделникот соопшти дека владата мора активно да помогне во враќањето на 56 деца кои живеат во лоши услови во сириските кампови, пренесува Ројтерс.
Холандските министерства за надворешни работи и за правда соопштија дека ќе се обидат да ја поништат судската одлука, за која тие рекоа дека не ги земаат предвид дипломатските размислувања.