Холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп изјави дека неговата земја во моментов ја гледа можноста Македонија да започне преговори со ЕУ, но не и со Албанија.
„Тековните проценки доведуваат до став дека гледаме можности Македонија да ги започне преговорите и не гледаме таква можност за Албанија“, рече тој во интервју за македонската телевизија Алсат М. во емисијата 360 степени.
На прашањето што ако во разговорите меѓу земјите од ЕУ дел од нив би инсистирале на заедничка одлука за двете држави и дали во тој случај Македонија ќе стане жртва на несогласување, Јан Коп рече дека е тешко да се шпекулира за преговарачките позиции на другите земји-членки на ЕУ. но дека позицијата на Холандија е јасна.„Нашиот став е јасен – секогаш сме велеле дека ја оценуваме позицијата за секоја земја според она што го постигнала и тоа е наша приоритетна точка. Имаме свои ставови за тоа какви чекори треба да ги преземе земјата-кандидат за да стане членка на ЕУ, и ова постојано го зборуваме – дека станува збор за процес базиран на достигнување, ригорозен и фер процес “, рече Јан Коп.