Новинарот на РТЛ, Борис Мишевиќ одлучи да се спротивстави на прогонот на хрватските граѓани кои не се вакцинирале. Неговата објава ја пренесуваме во целост.
„Значи, оваа харанга се претвора во најлош можен фашизам во 21 век. Луѓе би им забраниле на други луѓе да гласаат на избори затоа што не се вакцинирани!?! Не можам да поверувам во она што го прочитав на некои објави.
Да влегуваат во трговски центри, да дишат, да имаат деца? Кој е следниот чекор? Значи, концентрационите логори се очигледно нивната следна станица во налетот на тоталитарната омраза и болната дискриминација на луѓето кои се нивни познаници, соседи или колеги. Се разбира, и вакцинираните исто така го пренесуваат вирусот и се разболуваат, но тие веројатно го потиснуваат тоа длабоко затоа што тој диктаторски жар се разгоре во нив. Но, имате проблем, господа фашисти и мали ванабе Хитлерчиња.
Нас нè има многу повеќе. И баш нешто не се плашиме од вас. Мене како здрав човек, татко на 3,5 годишно дете, кој уредно работи и плаќа даноци, ништо нема да ми забраните. Поминав низ доволно дискриминации во последните 30 години. Верувајте ми на зборот. ,,Нема да успеете “, напиша на својот Фејсбук профил Борис Мишевиќ.
Тој доби огромна поддршка од своите пријатели за објавата, од која и самиот е изненаден.
-Благодарам на сите за огромната поддршка после вчерашниот пост. Покажавте срце и јас сум горд на вас. Ова е голема земја со големи луѓе на кои никој нема да им ја одземе најсветата работа – слободата. Смрт на фашизмот, слобода на народот! Да живее Хрватска!, напиша Мишевиќ.