Хрватот Вјекослав Пребег, кој се борел против руската војска во Мариупол и бил заробен додека се обидувал да излезе од градот со своите соборци, зборуваше за Раша тудеј за борбите во кои учествувал и објасни зошто дошол во Украина за да се бори.
Дезертерот бил припадник на украинските маринци, кој биле позиционирани во Мариупол заедно со озлогласениот баталјон Азов и објасни како бил заробен од руски војници.
– Побегнавме од Мариупол , пешачевме 260 километри, главно ноќе. Се обидовме да избегнеме каков било контакт – изјави Пребег за Раша тудеј.
Меѓутоа, планот на групата во која тој бил, пропаднал кога налетале на руска артилериска единица, на која и се предале.
Неколку странци се бореле во редовите на украинските маринци, меѓу кои и Ајден Аслин, попознат како Гунди. Вјекослав Пребег тврди дека неколку странски државјани дезертирале кога започнала руската специјална операција.
Тој вели дека се приклучил на украинските вооружени сили во 2020 година, за да добие државјанство на таа земја по истекот на тригодишниот договор. Пребег истакнува дека тоа звучело како добра идеја пред две години, бидејќи линијата на фронтот во Донбас не се поместила и дека „речиси никогаш не пукал“.
„Азовците се одвоени“
– Сакав да добијам украинско државјанство бидејќи овде запознав жена, во која се вљубив. Нејзината мајка беше болна, а таа не сакаше да ја напушти Украина – изјави Вјекослав Пребег за рускиот новинар Роман Косарев.
Пред да дојде во Украина, пет години бил припадник на хрватската војска, бил пешак и тврди дека не учествувал во други конфликти.
Пребег тврди дека немал многу средби со украинските националисти и неонацисти од баталјонот Азов, бидејќи тие биле подредени на друга команда.
– Тие учествуваат во одбраната, но ние имавме посебна командна линија, целосно одвоена. Тие не се дел од украинските вооружени сили – тврди Хрватот.
– Слушнав дека се фашисти и нацисти. Слушнав и страшни приказни за тоа што им прават на цивилите што ги заробуваат. Веројатно пукаа и во нас неколку пати. Слушнав и дека во нивните редови има многу криминалци и наркомани. Не сум присуствувал лично, но видов снимки од морничавите работи што ги прават. Страшни злосторства – рече Пребег за Раша тудеј.
Неизвесна судбина
По неговото апсење, Хрватот инсистираше дека никогаш повеќе нема да земе оружје и дека ќе се приклучи на „добротворна организација“ или на Меѓународниот Црвен крст доколку биде ослободен. Добивањето украинско државјанство со служење војска беше погрешна одлука, призна тој.
– Сакам да преживеам, сакам да живеам. Не сакам повеќе да земам оружје во мојот живот. Би сакал повторно да се сретнам со жената што ја запознав овде во Украина и, можеби, да ја кажам вистината за она што го видов овде, и како ме третираа луѓето што ме заробија – рече Пребег. Тој вели дека добро се однесувале со него, дека добил храна и неопходна лекарска помош.
Сепак, неговата судбина останува неизвесна, бидејќи во Доњецката Народна Република, под чија јурисдикција потпаѓа откако беше заробен во Мариупол, странците се сметаат за платеници, поради што се соочува со смртна казна.