Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, вчера изјави дека ќе ја поддржи идејата за формирање на мешана полициска и воена сила на Западен Балкан, која би била распоредена на надворешните граници на регионот за да го заштитат тој простор.
Ако ЕУ има право да ги третира своите надворешни граници на овој начин, зошто ние не треба да го сториме тоа? Ова е време Западен Балкан колективно да се одбрани од ваквите проблеми“, рече Цвијановиќ пред новинарите во Бања Лука.
Според неа, мигрантската криза е голем предизвик и „нешто што може целосно да ја измени сликата за иднината, не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа“.
„Потребен е концентриран одговор од сите земји“, додаде претседателката на РС.
Наведувајќи дека „сè е излезено од контрола“, таа истакна дека е време за колективна одговорност на земјите од Западен Балкан, наместо трошење на енергијата на препукување, политикантство и омраза, што требаше да биде погребано уште од многу одамна.
‘‘Ако силите на тие земји можат да одат низ целиот свет и да учествуваат во мировни мисии и не можат да ги одбранат нивните огништа, тогаш нешто не е во ред. Ќе дојде време за ваков вид иницијатива, затоа што е невозможно да размислуваме парцијално за овие работи. Кои сме ние ако не сме во состојба да се заштитиме самите себеси, туку да се потпираме на други “, рече Цвијановиќ.
Tаа понатаму рече дека е загрижена за ситуацијата на турско-грчката граница, велејќи дека е очигледно дека договорот Турција-ЕУ не функционира.
“Ако мигрантите успеат да ја преминат грчката граница, сигурна сум дека огромен број од овие луѓе ќе се најдат во земјите од нашиот регион. Земјите од Западен Балкан треба да размислат како да се заштитат себеси, а не само да се потпираат на тоа како ЕУ ќе ги заштити своите надворешни граници”. , рече претседателката на РС.
Цвијановиќ истакна дека МПП РС има апсолутни надлежности на територијата на Република Српска и има обврска да ја заштити својата територија.
Таа додаде дека РС нема да прима мигранти, изјавувајќи дека ова време го покажува бесмислениот повик од Сараево и меѓународната заедница дека на РС не и се потребни резервни полициски сили“.
„Кога имаме вакви кризи, можеме да ги ангажираме резервни сили а редовната полиција може да ги работи своите работи и да биде поддршка“, рече Цвијајановиќ.