Политика

Цела Европа се тепа за рускиот гас само ,,ЦИА патриотите од Интегра” накитени со знамето на САД лобираат за Израелско-Американски гасовод

И додека цела Европа буквално се тепа да добие приклучок на евтин природен руски гас,партијата на попот Ристо Методисто,ни нуди гасификација од израелскоамерикански компании, кои гасот што го нудат, планираат да го црпат во спорните води околу северен Кипар.

Интегративците уште еднаш по кој знае кој пат,покажуваат дека целта на нивното дејствување не се македонските национални и стратешки интереси,туку интересите на нивните ментори САД и Израел.За потсетување,Интегра се залага за инсталирање на американски противракетен штит на Криволак,со што земјава би станала легитимна цел во иден можен конфликт помеѓу Русија и Нато.

И додека земјите членки на ЕУ и Нато,забрзано градат инфраструктура за руските гасоводи,пример Бојко Борисов сече ленти за отварање на делницата на турскиот тек,а Германија,Данска а одскоро и Британија забрзано работат на завршување на NORTHERN STREAM гасоводот од Русија кон Европа,Интегра наместо да ги следи тие чекори таа ни нуди решенија спротивни на геополитичките случувања и логики.Очигледно СДСМ И ДПМНЕ добиваат сриозна конкуренција во ИНТЕГРА кога е во прашање сервилноста кон Длабоката Држава и фондациите ИРИ,Конрад Аденауер и Отворено општество на Сорос.

Related posts

1 comment

DLM 17/11/2019 at 13:01

Тоа што Методисто одработува за алЦИАда и гусарите од “западоо“ не е ништо ново, ниту пак изненадување.
Вистинско изненадување би било кога Методисто и тие околу него би работеле во интерес на Македонија и Македонците, такво нешто ќе имаме кога нашата елита би била едуцирана овде во Македонија, а не како што е сега стипендирана од Курто и Мурто, па разбирливо е да работи за нив, сепак имаме суров(ински) капитаљизам

Истражував малку повеќе за енергетските инфраструктурни проекти значи и за тнр “Турски ток“ кој во едно време имаше траса преку Македонија.. во скоро сите анализи Македонија само од транзит на плин годишно би инкасирала од 60-80 милиони евра, … дури и ако не би ги добивале тие пари и само да добиваме плин за тој износ Македонија би имала стопански раст од преку 10% годишно, но таа приказна заврши со влегувањето на терористите-качаци во Куманово.

Треба да почнеме од почеток да создаваме-градиме македонски концепт, кој за некое време би создал критчна маса на интелектуална и органска сила која би го буткала тој проект темелен на Македонизам, до тогаш трпение…

Reply

Leave a Comment