Свет

Целиот свет во чудо – Белорусите одржаа парада и покрај епидемијата, илјадници луѓе во публиката без маски (ВИДЕО / ФОТО)

АП Фото / Сергеј Гритс

И покрај пандемијата, во Белорусија се одржа воена парада на која присуствуваа илјадници луѓе, пишува Гардијан.

Претседателот на Белорусија претходно објави дека нема да ја откаже воената парада по повод Денот на победата, и покрај тоа што Москва се откажа од масовната церемонија.

„Морам да кажам дека не можеме да ја откажеме парадата – едноставно не можеме. Долго време размислував за тоа. Секако, тоа е емотивна и длабоко идеолошка работа“, рече тогаш Лукашенко.

АП Фото / Сергеј Гритс

 

Илјадници луѓе, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, присуствуваа на воената парада како дел од Денот на победата, и покрај епидемијата на коронавирус, пренесува лондонски Гардијан.

Русија и другите земји ја откажаа воената парада, така што Белорусија е единствената земја од поранешна СССР која со воена парада ја одбележа 75-годишнината од победата над нацистичка Германија.

„Во овој луд, дезориентиран свет, многумина ќе не осудат за одбележување на овој свет настан овде и сега“, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко и додаде: „Не брзајте со заклучоци, не не осудувајте нас потомците на белоруските победници. Немавме друг избор. Но, дури и да го имавме, ќе остаевме исто вака “.

АП Фото / Сергеј Гритс

Домашните и странските медиуми изразија загриженост за парадата и масовните собири среде епидемијата на коронавирус.

Претседателот Лукашенко јавно ја втурна епидемијата во позадина уште порано кога се појави на велигденската литургија, но и на некои други јавни настани, и им рече на новинарите дека вирусот не е смртоносен како што се вели.

АП Фото / Сергеј Гритс

Белорусија е единствената земја во Европа каде се одржуваат фудбалски натпревари за време на пандемијата на коронавирус, иако досега се регистрирани 21.101 случаи  на ковид-19 и 121 смртни случаи меѓу оние кои страдаат од оваа болест.

Related posts

Leave a Comment