Во интервју за МИА пред посетата на земјава, Ципрас говореше и за вратоврската на Заев, која му ја даде при потпишувањето на Договорот од Преспа.
– Ја чувам на посебно место, одговори Ципрас запрашан за вратоврската која ја доби.
Призна дека плакарот му е полн вратоврски од лидери, но дека таа од Заев ја чува на посебно место за да го потсетува на историскиот момент.