Реакции

Црвенковски: Договорот со Бугарија со таква содржина беше грешка, ги влоши односите

Како изгледа синот на Бранко Црвенковски? (ФОТО)

 

Македонската јавност и македонското општество во целина треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Бугарија може да потрае во подолг временски период и дека заради тоа нема да ги почнеме преговорите со Европската Унија – рече поранешмниот претседател Бранко Црвенковски.

Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен – оцени поранешниот претседател Бранко Црвенковски на вчерашната дебата во организација на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“

– Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши после, отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам директен. Потпишувањето на договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка – рече Црвенковски.

Тој смета дека македонската јавност и македонското општество во целина треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Бугарија може да потрае во подолг временски период и дека заради тоа нема да ги почнеме преговорите со Европската Унија.

– Тоа за Македонија се разбира не е добро, но никако не смее да се доживее како национална трагедија која ќе не парализира. Напротив, треба да претставува поттик да почнеме многу посериозно и поодговорно да си ги средуваме работите дома. Процесот на преговори за е исто толку важен, ако не и поважен од самиот чин на стекнување полноправно членство во ЕУ, затоа што во изминативе 30 години независност на Македонија се покажа дека за жал, не постои доволно силно изразена политичка волја (значи не капацитет, не потенцијал, туку волја) да спроведеме било која суштинска реформа ако не постои поттик односно притисок од надвор.

Со други зборови процесот „би не приморал“ побрзо и поквалитетно да го реформираме нашето општество во сите области. Но ако тоа не е можно од причини на кои ние не можеме да влијаеме, како што е во случајов со бугарското вето, тогаш ќе мора да изнајдеме сопствени сили и јасно консензуално изразена политичка волја и решеност истите тие промени да ги спроведеме, не затоа што Брисел тоа го бара од нас, туку затоа што тоа ни е потребно нам, на нашите граѓани, за да живееме подобро, во подемократска, економски поуспешна, во правно посигурна, поправедна држава. Никој не не спречува и без преговори да ги спроведуваме неопходните реформи, да водиме бескомпромисна битка против криминалот и корупција, да создадеме независно и ефикасно судство во кое ќе се верува, да ги подигнеме стандардите во екологијата, образованието, здравството – рече Црвенковски.

Според поранешниот претседател руската инвазија врз Украина заслужува најостра осуда, зашто за такво крвопролевање, страотно уништување и целосна деструкција не може да се најде оправдување во никакви безбедносни, историски или геостратешки аргументи.

– Добро е што Македонија тоа го направи без било какви дилеми и калкулации. Не само заради нашата обврска како членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ, туку уште повеќе заради почитување на основните цивилизациски вредности и принципи и сопственото место во историјата – рече Црвенковски.

Тој го истакна и значењето на регионалната соработка.

– Со проблемите на планот на безбедноста, енергетската криза, недостигот од храна и нарушените економски текови, полесно ќе се справуваме и последиците ќе бидат помали доколку земјите од нашиот регион ја унапредат меѓусебната регионална соработка. Суетите мора да бидат ставени на страна. Не е битно низ која или чија иницијатива таа соработка ќе се остварува. (Берлински процес, Отворен Балкан или нешто трето). Лично, моите симпатии се насочени кон „Отворен Балкан“, не затоа што Македонија беше еден од иницијаторите, туку пред се затоа што таа иницијатива произлезе изворно, од самиот регион и со самото тоа заслужува дополнителна почит и поддршка – рече Црвенковски во своето обраќање на форумот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment