Матилда остана заробена во жестоките поплави што го зафатија западниот дел на земјата по пожарите
Девојчето (3) беше пронајдено на 3,5 милји од нејзиниот дом во малиот град Норина Даунс во западна Австралија, откако тој дел беше погоден од силно поплавување минатата недела. Девојчето беше валкано од калта, а нејзиното куче не се одделуваше од неа.
Таа исчезна во средата а беше пронајдена жива и здрава 24 часа по нејзиното исчезнување. Се чини дека таа го шетала своето куче, териер, кога местото беше погодено од поројни дождови. Таа заврши далеку од дома, чекајќи водата да се повлече, па реши да го следи потокот и да се врати.
Меѓутоа, следуваа нови поплави и Матилда, заедно со нејзиното куче, беше заробена.
„Мислиме дека откако исчезна, таа го следеше коритото на потокот, но беше заглавена по новиот бран на поплави“, рече началникот на полицијата Ким Масам.
Полицијата дигна се на нозе, полицајци на коњи го бараа иззчезнатото девојче и го забележаа од хеликоптер како талка низ поплавеното поле.
Кучето не се одвојуваше од неа.