Броењето на секое гласачко ливче во Џорџија мора да започне во секоја област до петок наутро и да заврши до среда, што е два дена пред рокот државата да ги објави резултатите од изборите и бидат потврдени до 20 ноември. Некои окрузи започнаа да ги бројат гласовите во четвртокот.
„Бидејќи разликата меѓу кандидатите е многу мала, ќе биде потребно целосно рачно пребројување во секоја област“, рече државниот секретар на Џорџија, Бред Рефенспергер, додавајќи дека пребројувањето на гласовите „ќе ја врати довербата“.
Трамп неодамна објави дека ќе победи во Џорџија.
Одлуката на владата на оваа сојузна држава уследи по барањето на Републиканската партија, која побара ново рачно пребројување на гласовите пред да бидат проверени резултатите. Републиканците изјавија дека имало голем број грешки низ целата држава при броењето на гласовите.
Сепак, државниот секретар тврди дека одлуката за рачното пребројување не е донесена на барање на партијата на Трамп, туку затоа што тоа е „најрационална одлука со оглед на националното значење на претседателската трка и поради малата разлика во гласовите“.