По потврдувањето за повторното отворање на истрагата за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, шведскиот директор за јавни обвинители, Ева-Мари Персон, потврди дека Шведска ќе побара екстрадиција за Асанж да се соочи со судење.
47-годишниот Асанж во моментов е задржан во затвор Белмарш во Лондон, откако беше прогласен за виновен со прескокнување можноста за ослободување со кауција и беше осуден на 50 недели затвор.
Тој избегна екстрадиција во Шведска пред околу седум години, барајќи засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година, но тој беше незаконски протеран одтаму во Април.
Кристин Храфсон, главен и одговорен уредник на Викиликс тврди дека “имало значителен политички притисок врз Шведска за повторно отворање на истрагата, но и дека отсекогаш имало политички притисоци околу овој случај”.
САД, исто така, бараат екстрадиција на Асанж врз основа на обвиненијата дека тој заговарал заедно со Челзи Менинг да го пробијат компјутерскиот систем во Пентагон и да украде државни тајни. Персон им рече на властите во Велика Британија дека барањата за екстрадиција од Шведска и САД имаат приоритет.
Храфсон додаде дека, според негова проценка, “случајот се разгорел”, откако шведскиот обвинител првично открил дека “немало никакво злосторство”, по што случајот бил повторно отворен.