ШВЕДСКА одлучи да не ја препорачува вакцината против Ковид-19 на деца на возраст меѓу 5 и 12 години, објави во четвртокот Шведската здравствена агенција.
„Со знаењето што го имаме денес за нискиот ризик од сериозни болести кај децата, не гледаме јасна корист од нивната вакцинација“, рече на прес-конференција службеничката на агенцијата Брита Бјоркхолм.
Таа нагласи дека оваа одлука може да се промени доколку истражувањето доведе до нови сознанија или нова варијанта го промени текот на пандемијата. Децата од ризични групи веќе ја примаат вакцината.