Короната се повеќе ги зема своите жртви и во Шведска! Веќе се потврдени 36 жртви, регистрирани се повеќе од две илјади заразени и околу двесте сериозно заболени. Но, мерките преземени од страна на владата во Стокхолм се различни од оние што ги спроведува голем дел од светот.
Сликите што се испраќаат во светот се скоро нереални, полни паркови, ресторани, кафулиња. Преполни улици, како главниот град на Шведска да е од некое друго време, или, дел од друга планета.
Филологот Тамара Стевановиќ, жителка на Белград, која живее во шведската престолнина веќе две и пол години со семејството, за српските медиуми пренесува токму таква слика од Стокхолм.
– Швеѓаните, како што ги разбирам и колку што сум ги запознала, не ја сметаат короната за проблем. Или тоа е така за сега “, рече Тамара.
– Затоа и „светскиот потрес“ со овој вирус тука дури и не се одрази врз секојдневниот живот, како во некои други делови на Европа и светот, па дури и во Србија – вели Тамара.
– Скоро сè е оставено на слободната волја на граѓаните: ако сметате дека треба да се заштитите, заштитете се. Ако мислите дека не треба, тоа е ваша одлука и ваша одговорност. Дали овој шведски експеримент ќе успее како и другите, кој ја класифицираа „земјата на соништата“ меѓу најуспешните и најбезбедни држави во светот, којзнае? изјавува таа.
Нема запирање на работата, градинките не се затворени, нема кампања дека вирусот е опасен по живот, нема страв или паника, нема предупредување дека е неопходна хигиената.
– Едноставно, Швеѓаните се крајно прецизен народ, прецизен во сè, така што нема никакви наредби или мерки за таа цел, и ако некој ги предупреди, може да бидат навредени и да го земат тоа како понижување – го објаснува Тамара, менталитетот на луѓето во нејзината нова татковина.
– Сепак, мислам дека нешто се менува. Во компаниите стигнуваат препораки да им се пристапува на луѓето и нивните проблеми со грижа и ова е сигнал дека нешто ќе се промени. Короната е глобално чудовиште и мерките што ги презема секоја држава нема да ги заобиколат и Швеѓаните – додаде таа.