Свет

Шефот на Руската вселенска агенција: Во нуклеарна војна ќе го уништиме НАТО за половина час

Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, тврди дека Русија ќе ги уништи земјите од НАТО во нуклеарна војна во рок од половина час. Тој на својот Телеграм канал ја повика Русија да не дозволи тоа да се случи.

– Во нуклеарна војна за половина час ќе ги уништиме земјите на НАТО. Но, не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни удари ќе влијаат на состојбата на нашата Земја – напиша тој.

„НАТО води војна против Русија“

– НАТО води војна против нас. Тоа не е објавено, но тоа не менува ништо. Сега на сите им е очигледно. Украинската национална војска и вооружените сили на Украина се потрошен материјал, топовско месо на НАТО, тие се само оператори обучени од инструктори на НАТО кои ги притискаат лостовите и копчињата на оружјето на НАТО – додаде Рогозин.

Тој смета дека „специјалната воена операција“ далеку го надминала своето првобитно значење и географија и ја нарекува „војна за вистината и правото на Русија да постои како единствена и независна држава“.

Економски и воено помоќен непријател

Рогозин пишува дека поразувањето на економски и воено помоќниот непријател со конвенционално оружје е можно само со целосна солидарност на целата земја со армијата, како и со мобилизација на државните занаети и трансфер на воено-индустрискиот комплекс и сродните индустриски сектори на Русија во војската.

– И тоа мора да се направи веднаш и брзо – заклучува тој.

 

Related posts

Leave a Comment