Свет

ШОКАНТНО : АКТИВИСТИ НА BLACK LIVES MATTER БАРААТ БЕЛИОТ ИСУС ДА БИДЕ СРУШЕН

George Floyd and Black Lives Matter protests erupt around the ...

Активист на американското движење „Црните животи се важни“ и поранешен пастор Шон Кинг смета дека фигурата на Исус е манифестација на „белата супериорност“ и затоа треба да се демонтираат статуите, иконите и витраж прозорците во храмовите.

Според поранешниот пастор, историскиот Исус најверојатно бил со темна кожа и имал некои негроидни карактеристики на лицето.

– Мислам дека статуите на белиот Европеец, како што тие го претставуваат Исус, треба да бидат срушени. Тие се форма на белата супериорност. Отсекогаш биле. Во Библијата, кога семејството на Исус сакало да се скрие, претпоставете каде отишле? До Египет! Не во Данска. Срушете ги – повика Шон Кинг за време на видео конференцијата на Твитер на тема какви ликови се недопустливи по бранот протести против расизмот во САД и Европа.

– Сите фрески и витраж прозорци на белиот Исус, неговата европска мајка и неговите бели пријатели, исто така, треба да исчезнат. Тие претставуваат сурова форма на бела супериорност и се појавија како инструмент на угнетување. Сето тоа е расистичка пропаганда. Сето тоа треба да биде срушено – продолжи активистот.

Распетие

Шон Кинг не предлага „укинување“ на христијанството, но тој верува дека европското евангелско учење треба да се промени во духот на современоста и нејзините предизвици.

Поддржувачите на Кинг наведуваат примери на ликот на Исус што се претставени во иконографијата на различни нации. На пример, слики од Дева Марија и Исус од различни раси и народи се наоѓаат во храмот Богојавление во Назарет. Сепак, досега никој не се обидел да го избрише „белиот“ Исус од него.

Сличен повик се слушна во Германија од претседателот на Федералниот совет на афроамериканците во таа земја, Жо Мариа Бемба. Во серија твитови, афроамериканскиот активист напиша дека статуи на бели расисти, вклучително и Исус Христос, треба да бидат срушени во сите земји во светот. Тој ги нарече евангелијата „бели расистички лаги“.

Related posts

Leave a Comment