Киев – Поранешниот украински претседател Петро Порошенко призна дека со тоа што се согласил со „Минските договори“ сакал да и даде време на Украина да се милитаризира.
Зборувајќи за договорите од Минск, кои преговараа за прекин на огнот во Донбас во 2015 година, а кои беа потпишани од Русија, Франција и Германија, Порошенко рече дека не му значат ништо и дека тие биле само со цел да му се даде на Киев доволно време да ја зајакне армијата.
Според Раша тудеј, тој зборувал за тоа во неколку интервјуа, меѓу кои и она дадено за телевизијата Дојче веле, како и интервјуто за Радио Слободна Европа.
„Остваривме се што сакавме. „Нашата цел беше, пред сè, да ја запреме заканата или барем да ја одложиме војната, за да си обезбедиме осум години да ја зајакнеме економијата и да изградиме силна армија“, рече тој.
Тој додаде дека го смета за победа тоа што се потиснати „Минските договори“ затоа што, како што рече, целта на Украина е постигната. Во таа смисла, како што објаснува, победата во војната не е само на бојното поле.
И покрај успехот, како што тој го нарекува договорот, Порошенко загуби на првите претседателски избори, а неговиот тогашен противкандидат Володимир Зеленски ја доби реториката за обезбедување мир во Донбас.
Но, споменатите договори не се целосно спроведени, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување на договорот. На крајот, дојде до ескалација и војната во Украина започна на 24 февруари, кога Русија ја започна својата операција.
Сега, како пратеник на опозицијата, Порошенко ги повикува западните власти да и дадат на Украина повеќе тешко оружје за да може земјата „да ја заврши својата работа и да ја брани Европа од Русија“.