Во одбранбениот систем на европските земји има војници колку и Ахилови петици, пишува шпански Ел Паис, повикувајќи се на документите на Европската комисија.
Европските земји имаат многу слаба воздушна одбрана на градовите и инфраструктурата, недостига оружје и недоволен капацитет за нивно производство, се наведува во написот.
Во случај на воен конфликт, Европа се соочува со логистички проблеми, а војската нема шифрирана сателитска комуникација со европска покриеност, додаде Ел Паис. Дополнително, Европската комисија забележала дупки во сајбер безбедноста и недостиг на муниција откако и била испорачана на украинската армија.
Ситуацијата во Украина ги покажа негативните последици од ниските трошоци за одбрана „во мир“ во европските земји, се наведува во документот.
Европската унија се соочува со најголемото зголемување на воените трошоци од крајот на Втората светска војна.
По почетокот на руската специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина, земјите од НАТО почнаа да размислуваат за зајакнување на одбраната. Членовите на организацијата ветија дека значително ќе ги зголемат трошоците за оружје. Сепак, финансиските прашања предизвикуваат жестока дебата: нема доволно пари, особено во услови на рекордна инфлација веќе неколку децении.