Свет

ШТО Е ОВА СЕГА? СЕ ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ПО ЧЕТВРТАТА ДОЗА: Мистерија во Израел, погледите на целиот свет вперени во него

ШТО Е ОВА СЕГА?  СЕ ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ПО ЧЕТВРТАТА ДОЗА: Мистерија во Израел, погледите на целиот свет вперени во него

Бројките на заразени, но и на починати растат како луди, а никој не разбира зошто!

Во следните неколку дена, развојот на епидемиолошката состојба во Израел треба да се следи со високо ниво на внимание. Експертите се уште не излегле со оценки за ситуацијата бидејќи е крајно деликатна, па и малку застрашувачка.

Се разбира, станува збор за короната. А што толку ги плаши научниците ширум светот? Работата е едноставна: ова е земјата која прва ги вакцинираше своите граѓани не само со третата, туку и со четвртата доза од вакцината „Фајзер“. Значителен дел од населението е вакцинирано, а сепак бранот омикрон забележа експлозија на случаи на далеку повисоко ниво од просекот во Европската унија или во САД.

Како што пишуваат светските медиуми, во моментов се чини дека трендот на брз пад на бројот на новозаболени е зајакнат, но сега кривата на смртност вртоглаво расте.

Во бранот омикрон, Израел изброил неверојатни 10.968 случаи на милион жители за еден ден, што е четири пати повеќе од врвот на бранот омикрон во ЕУ или 5,5 пати повеќе од највисокиот број регистриран во САД. Тоа е, се разбира, многу, многу повеќе од најлошите бројки.

Според тоа, израелските податоци сега јасно укажуваат дека воопшто нема сомнеж дека дури и третата или четвртата доза не е гаранција за запирање на ширењето на инфекцијата. Дури (каква радост за антиваксерите), како што пишуваат западните медиуми, го отвора прашањето дали високиот процент на вакцинација со третата и четвртата доза е, на некој начин, поврзан со забрзувањето на инфекцијата. 

Што се однесува до бројот на починати во Израел, ситуацијата се уште не е толку драматична, но очигледно е дека тие се уште се во силен тренд на раст, а веќе го надминаа дневниот број на починати во ЕУ и САД.

Во средината на оваа недела, според Jerusalem Post, направени се повеќе од 200.000 тестови, а 29% биле позитивни. Во моментов тие изброиле вкупно нешто повеќе од 9.000 смртни случаи, но сега тој број почна да се зголемува за стотина дневно. Најпознатите клиники се полни меѓу 90 и 108 проценти (оваа втора бројка значи дека се додадени дополнителни капацитети). Повеќе од 6.100 лекари и медицински сестри се во изолација. Никогаш немало повеќе пациенти во болниците. Од речиси 6.000 хоспитализирани, дури 47 отсто се во критична состојба.

 

Related posts

Leave a Comment