Тенис

Ѓоковиќ: Кога од трибините викаа Роџер, Роџер, јас слушав Ноле, Ноле…!

 

 

Присутната публика на централниот терен на Вимблдон, вечера, беше сведок на еден од највозбудливите финални натпревари на сите времиња на овој Грен слем.

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа епски меч, најдолг финален во историјата на Вимблдон, а очекувано поголемиот дел од присутната публика беше на страната на повозрасниот тенисер.

Често пати од трибините можеше да се слушне „Роџер, Роџер“, но и во тие моменти Ноле беше смирен и успеа да го скрши отпорот на големиот ривал и да слави победа во пет сетови.

„Без разлика што се случување на теренот и трибините, јас бев фокусиран само на играта, тоа си го ветив пред стартот на мечот и го исполнив. Среќен сум што менталната стабилност беше на ниво, јас само ќе замижев и ќе го удрев топчето најсилно што можев. Кога ја имаш публиката на своја страна е многу полесно, но денес успеав да се справам и со тоа. Во моментите кога цел стадион викаше Роџер Роџер, јас слушав Ноле Ноле“, рече првиот рекет на светот.

Ѓоковиќ одигра неверојатен меч. Во одлучувачкиот сет успеа да спаси две меч топки на Федерер и да извојува херојска победа во пет сета (7-6, 1-6, 7-6, 4-6, 13-12).

 

Извор Гол.мк

Related posts

Leave a Comment