Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која сè наоѓа во притвор како осомничена во аферата „Рекет“, побарала апанажа, соопшти првиот човек на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, кој додаде дека Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.
Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.