Со задоцнување од 5 минути, специјалната обвинителка Катица Јанева се појави да сведочи во Обвинителството за организиран криминал и корупција во придружба на адвокатот Стеван Павлески. Јанева застана пред камерите и рече дека се надева оти со нејзината изјава ќе помогне на истрагата, споделувајќи ги нејзините аргументи.
На другите новинарски прашања не сакаше да одговори. Во објавените аудио снимки – се слуша и гласот на Катица Јанева во ситуација кога на Орце Камчев, за кого СЈО ја води истрагата за Империја, му вели дека „се ќе биде добро.