Јапонските работодавци одлучија дека спиењето на работното место станува дел од работните одговорности на секој вработен.
Тоа не значи дека на вработените ќе им се даде неколку минути да ги затворат очите пред нивниот компјутер, туку дека ќе им биде обезбедена просторија за спиење.Тие решија да го сторат тоа, откако новата студија откри дека дремливоста на вработените влијае на ефикасноста во работењето , а тоа ги чини јапонските компании дури 138 милијарди долари на годишно ниво.
Затоа предлогот на работодавците и јапонското Министерство за здравство е на вработените да им дадат најмалку половина час да спијат во раните попладневни часови.
Nextbeat, јапонска информатичка компанија, веднаш го прифати тој тренд , па веднаш воспостави две, како што велат, „стратешки спални соби“ за своите вработени.
Собите се опремени со уреди за блокирање на бучавата, кревети и софи, а строго забранети се мобилни, таблети и лаптопи.