ФБ Статуси

Љубомир Цуцуловски : А сè започна со детско наивните р а з г о в о р и (не преговори!) со Грција за некои разлики околу името

А СÈ ЗАПОЧНА… Шпанија, најверојатно, оваа година немала да одлучува за пристапните преговори за влез на Македонија во ЕУ – била пред избори. Затоа, пак, некоја парламентарна комисија на Холандија била позитивно настроена. Од трета страна, Франција одлуката ќе му ја препуштела на Макрон, додека Данска… Бугарија, нормално, безусловно условува.

А сè започна со детско наивните р а з г о в о р и (не преговори!) со Грција за некои разлики околу името, за да се стигне до сегашното тереџе, во кое некогашната Држава не може, и да сака, да се препознае. Затоа, заради Македонија и Македонците, најдобро е да се прекине со оваа арлекинијада и политиката да се сврти кон внатрешните, виталните прашања, за да види што може и како е најдобро односите во Државата да се уредат за доброто на н а ј г о л е м и о т дел од граѓаните, бидејќи секогаш имало и ќе има определни незадоволници, кои имале (како што тврдат) свој сон, налик на Мартин Лутер Кинг. Сепак, со „мала“ разлика –помеѓу него и нив постои непремостлива бездна. Тоа се два паралелни светови, бескрајно раздвоени едниот од другиот, бидејќи Мартин Лутер не бараше сепарација, туку интеграција на сите граѓани во единствениот систем на САД. За него, на пример, беше непозната идејата за постоењето на посебни училишта, или универзитети, за црни деца. Таквото сегрегaристичко решение, според него, би претставувало нивен неуспех.

 

Related posts

Leave a Comment