Македонија

Љубомир Цуцуловски : Во ваква ситуација, во која многу нешта немаат уставна и законска основа, што има да се поништува? Единствено што треба да се направи е да се прогласат за тоа што се – за незаконски и, според тоа, за невалидни.

ШТО ДА СЕ ПОНИШТИ? Многумина сметаат дека клучните одлуки и документи, донесени од оваа власт (како што се, на пример, Договорите со Бугарија и Грција, прифаќањето на Тиранската платформа…), треба да се поништат. Меѓутоа, законски гледано, може да се поништи само тоа што има законска и уставна основа и кое, според тоа, има законска и уставна природа. Меѓутоа, веќе и самото конституирање на Собранието (кое ги носи законите и одлуките), како и изборот на неговиот претседател, беше наспроти Деловникот и правните акти, како што беше и н а с и л н о т о продолжување на прекинатата седница од 27.04.2017 год. Второто давање на мандат за формирање на влада, од тогашниот претседател на Државата, е неуставно, бидејќи во Уставот не е предвидено второ давање на мандат. Некои битни одлуки, донесени од Собранието, беа објавени во „Службен Весник“ без неопходниот потпис од Претседателот на Државата. Истото беше и со преименување на Државата. Некои одлуки и закони беа донесени со непотребни процедури, како што е употребата на европски знаменца. Во ваква ситуација, во која многу нешта немаат уставна и законска основа, што има да се поништува? Единствено што треба да се направи е да се прогласат за тоа што се – за незаконски и, според тоа, за невалидни.

Само на тој начин Македонија може да ја врати законитоста и уставноста, и само така може да биде респектибилна како кај соседите, така и во светот. Сѐ друго претставува замајување, односно празен говор од страна на власта и опозицијата.

Љубомир Цуцуловски

 

Related posts

Leave a Comment