Колумни

Љубомир Цуцуловски: Дали татковината е голема или мала, таа се сака, особено ако навистина, без никакво глуматарење, се чувствува како своја

Цуцуловски

НЕМА ГОЛЕМИ И МАЛИ. Живеејќи како емигрант во Париз, Милан Кундера се сеќава дека Чесите (во поновата историја) барем двапати биле подготвени да ги дадат животите за татковина, за својата Чешка.
Еднаш, кога била окупирана од Германците 1938 година и вторпат, кога била окупирана од Варшавскиот пакт, предводен од Советскиот Сојуз во 1968 година. Сеќавајќи се на чешкиот патриотизам, на тоа чувство подготвено, без двоумење да се даде својот живот за земјата во која си се родил, Кундера пишува:
„Сите народи го знаат искушението на тоа жртвување. Впрочем, и на непријателите на Чесите тоа им е, исто така, познато – на Германците, исто како и на Русите. Меѓутоа, тоа се големи народи. Нивниот патриотизам е поинаков: тие се понесени од својата слава, од своето значење, од својата сеопшта улога. Чесите ја сакаат својата земја не заради тоа што е славна, туку затоа што е непозната; не затоа што е голема, туку затоа што е мала и што постојано е во опасност. Нивниот патриотизам е само љубов кон родниот крај.“ (Милан Кундера во романот „Незнаење“, пишуван на француски јазик, 2000 година.)
Дали татковината е голема или мала, таа се сака, особено ако навистина, без никакво глуматарење, се чувствува како своја. Оттука, нема големи и мали патриотизми. На овој план, место за пазарење нема.
Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment